Катастрофа за Летонците: На Евробаскетот без еден од најдобрите играчи

Летонската кошаркарска репрезентација објави дека Родионс Куруцс нема да учествува на претстојниот Евробаскет поради повреда на петицата.

Еден од домаќините на турнирот и земјата каде што ќе се игра финалето, остана без многу важен играч, од што се плашеа во последно време. Басконија веќе закажа операција за санирање на повредата и потенцијално да го подготви за почетокот на новата сезона.

Летонија ќе игра во Рига во група против Србија, Естонија, Португалија, Чешка и Турција.

Се вчитува...