Вистинско шоу ни донесоа квалификациите за Големата награда на Азербејџан. Голема грешка во К3 направи Оскар Пјастри кој се заби во заштитната ограда па утрешната трка ќе ја стартува од 9. место. Сепак, тоа не го искористи неговиот клупски колега кој исто така направи грешка па утре ќе тргне од 7. позиција.
Од 10 место ќе стартува Шарл Леклер кој во К3 направи голема грешка завршувајќи во оградата и уништувајќи го своето Ферари. Нов срам доживеа и вториот возач на Ферари Луис Хамилтон кој не успеа да го мине К2 и утрешната трка ќе ја стартува од 12. позиција.
На крајот пол-позицијата ја освои Maкс Ферстапен пред Карлос Сајнц и Лиам Лосон. Антониели и Расел ќе стартуваат од 4. и 5. место.
Трката за Големата награда на Азербејџан е закажана за утре со почеток во 13 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

