Катастрофални вести од НБА: Српски кошаркар има рак

Катастрофални вести доаѓаат од НБА, каде што Сем Прести, генералниот менаџер на Оклахома Сити Тандер, истакна дека српскиот кошаркар 20-годишниот Никола Топиќ има рак на тестисите.

Сепак, Прести кажа дека лекарите се исклучително позитивни во врска со закрепнувањето на Топиќ, кој дури и тренирал со клубот до хемотерапијата.

„Сакам да дадам информации за состојбата на Никола Топиќ. Како што знаете, тој имаше операција на тестисите пред почетокот на сезоната. Беше неопходно и беше направена во Хјустон за да се утврди дали Никола има рак. Резултатите од биопсијата потврдија дека има рак, но лекарите во Хјустон се исклучително позитивни во врска со исходот од неговата ситуација.

Треба да се каже дека ракот на тестисите е „најбезбедната“ форма на рак кај мажите. Му беше препорачано да оди на хемотерапија. Топиќ не сакаше да ги објави овие информации сè додека не започна со третман, што го направи неодамна. Тој е тука во текот на целиот процес, тренира, но сите сме свесни дека ова ќе биде тежок процес. Тимот лекари е позитивен во врска со долгорочниот исход. Во моментов, неговото закрепнување е единствениот приоритет.

Единственото нешто што го очекуваме од него е да се фокусира на ова. Тоа е приоритет. Ќе се врати и ќе игра кошарка кога ќе може, немаме никакви очекувања за тоа. Тој ја има нашата целосна поддршка, љубов и охрабрување“, напиша Прести.

На почетокот на октомври Тoпиќ беше подложен на операција, и тогаш проценките беа дека ќе паузира 4-6 недели, но тогаш ситуацијата не беше позната.

Се вчитува...