Со големи проблеми се соочува хрватската ракометна репрезентација пред одлучувачкиот натпревар против Аргентина во главната фаза од Светското првенство во Египет. Поголемиот дел од репрезентативците ги нападнал стомачен вирус, а во најлоша состојба се Домагој Дувњак и Иван Мартиновиќ.
Мартиновиќ поради лошата состојба го пропуштил денешниот тренинг и веднаш е тестиран за коронавирус, но за среќа резултатот бил негативен. Останува да видиме во каква состојба ќе бидат утре ракометарите на Хрватска и со кој тим Лино Червар ќе и се спротистави на Аргентина.
Натпреварот е закажан за 18 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА