Катастрофални вести за Дубаи пред стартот на евролигашката сезона

Дебитантот во Евролигата за сезоната 2025/26, амбициозната екипа на Дубаи доби катастрофални вести пред почетокот на новата сезона во која клубот од Обидинетите арапски емирати ќе се натпреварува и во АБА лигата.

Дел од тимот во текот на целата сезона нема да биде Мам Џаите, искусниот француски репрезентативец кој на подготовките заработи повреда на Ахиловата пета па мора да помине низ оперативен зафат.

Дубаи новата сезона ја започнува на домашен терен на 30. септември и тоа во натпревар против Партизан, ривалот со кој се сретна во полуфиналето на АБА лигата минатата сезона.

Се вчитува...