Катастрофални вести за Хрватска пред ЕП: Ќе отсуствува еден од главните адути за висок пласман

Хрватските ракометари имаат за подготовки уште 15 дена до Европското првенство, а селекторот Дагур Сигурдсон ги собра ракометарите воочи подготовките во Прелог.

Меѓутоа веднаш стигнаа катастрофални вести за „коцкастите“ пред почетокот на овој турнир, односно дека ќе мораат да играат без Марин Шипиќ, еден од клучните играчи на позицијата пикер.

„Јас би играл и под инјекции, меѓутоа лекарите ме советуваа подобро да го прескокнам турнирот“, рече Шипиќ.

Шипиќ имаше главна улога за Хрватска на минатиот Мундијал кога беше еден од клучните за пласман на Хрватска меѓу најдобрите.

Се вчитува...