Францускиот скијач Алекси Пентиро, ја заврши скијачката сезона поради тешка повреда која му се случи денеска во Венген. Пентиро со хеликоптер беше пренесен во болница, откако доживеа тежок пад на патеката.
Француската скијачка федерација ги соопшти лошите вести.
„Пентиро доживеа руптура на предните вкрстени лигаменти во левото колено. Неговата сезона е готова“, објави федерацијата.
Французинот оваа сезона се откажа од слалом, и се посвети на тренинзите на брзи дисциплини. Моментално се наоѓа на 12. место во генералниот пласман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА