Сезоната на Светскиот куп во алпско скијање заврши на крајот на март, а почетокот на април е резервиран за националните првенства, по што скијачите заминуваат на заслужен одмор.
Во Италија има и национално првенство, а има катастрофални вести за сите љубители на скијањето.
За време на трката од националниот шампионат во велеслалом, победничката на Големиот кристален глобус во Светскиот куп, 34-годишната Федерика Брињоне се здоби со тешка повреда.
По еден пад Брињоне веднаш ја фатила за ногата, со хеликоптер била пренесена во болница, а по првите прегледи било утврдено дека Брињоне мора да оди на операција.
На Италијанката утре ќе и бидат извршени дополнителни испитувања, по што попрецизно ќе се знае за нејзината повреда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА