Катастрофалните бројки на Винисиус: Ова не личи на нас, мораме да се поправиме…

Бразил одигра уште еден катастрофален натпревар во квалификациите за СП 2026, губејќи од Парагвај за четврти неуспех на „кариоките“ во овој квалификациски циклус.

Очајното издание беше причина за аларм во јавноста, а прв на удар се најде Винисиус, кој одигра катастрофално во Парагвај. Бројките на асот на Реал Мадрид се неверојатни, тој успеа само во еден дриблинг од четири обиди, дури 17 пати ја загуби топката, а овои само два од седумте дуели во кои влезе со противничките фудбалери.

Голгeтерот по натпреварот презеде одговорност за слабото издание и јасно стави до знаење дека сите членови на „кариоките“ мора да се претстават во што подобро светло за овој кризен период да биде надминат.

„Знаеме во каква ситуација се наоѓаме, сите сакаме да го извлечеме Бразил од ова што ни се случува. Сега одиме дома и сите треба добро да размислиме, што треба да се направи за да играме подобро и полесно да победуваме. Не смее да ни се повтори ова, да дојдеме овде, да играме како што игравме денеска и да останеме без бодови. Сите имаме иста цел, што поскоро да го вратиме Бразил на врвот“, изјави Винисиус.

Се вчитува...