Катастрофалните резултати во ЛШ доведоа ППД Загреб да го смени тренерот

По катастрофалните европски резултати, Андрија Николиќ ја напушти клупата на хрватскиот ракометен шампион ППД Загреб. Загреб не се прослави во претходниот дел од Лигата на шампионите, ги загуби сите осум натпревари со гол-разлика од минус 38. Старо-нов тренер на Загреб ќе биде искусниот стратег Ненад Шоштариќ.

Да потсетиме дека Шоштариќ се повлече од клупата на Загреб во 2024 година поради здравствени проблеми. Тој остана на чело на струката на сите категории во клубот, со акцент на работата на помладите возрасни групи. Сега се враќа во клубот и ќе се обиде да го постави на вистинскиот пат по лошите резултати во Европа.

Николиќ беше наследник на Шоштариќ, а сега улогите се сменија. Шоштариќ беше тренер на женската ракометна репрезентација долги години, ја водеше до бронза на Европското во 2020 година и сребро на Медитеранските игри во 2022 година. Со женскиот тим на Локомотив двапати беше шампион на Хрватска и освојувач на Купот.

Се вчитува...