Катастрофално лето: Партизан елиминиран од европските купови

Катастрофалното европско лето на Партизан е комплетирано откако српскиот гигант беше елиминиран и во третиот двомеч во низа, овојпат од белгиски Гент во рамките од баражот за влез во Лигата на Конференции на УЕФА.

„Црно-белите“ загубија на првиот меч на домашен терен со 0-1, а по голема борба беа поразени со ист резултат и на вечерашниот реванш во Белгија. Партизан има за што да жали ако се знае дека српскиот тим имаше неколку убави шанси при 0-0, а казната стигна во 88. минута кога Делорж со удар од дваесетина метри ја смести топката во мрежата на „црно-белите“.

Пласман во групната фаза од Лигата на Конференции обезбеди и турски Башакшехир, кој славеше со 2-0 на денешниот реванш со ирскиот претставник Сент Патрик. Головите беа постигнати во второто полувреме, дело на Сахинер во 64. и на Кемен во 82. минута од натпреварот.

Се вчитува...