Катастрофално судење на финалето во Лига купот: Прво Каиседо се спаси од црвен, а потоа најдоа офсајд против Челси во милиметар (ВИДЕО)

И како многу пати сезонава катастрофалното судење е главна тема во англискиот фудбал. Не помина без циркус и првото полувреме во англискиот Лига куп каде и Челси и Ливерпул беа оштетени од главнито судија и ВАР собата.

Прво Каиседо имаше брутален старт над Гравенберх за кој на крајот не доби ниту жолт картон, а Холанѓанецот поради повреда мораше да го напушти теренот. Потоа Челси стигна до водство од 1-0 преку Стерлинг, но од ВАР собата успеаја во милиметар да најдат дека на почетокот на акцијата фудбалерот на „сините“ беше во офсајд.

Caicedo horrible tackle on Gravenberch 24’
by insoccer

 

Се вчитува...