Катерина Шиповиќ успешно ја истрча 246 километри долгата патека на спартатлон

Катерина Шиповиќ надминувајќи ги сите препреки и временски и супер тешка маршута, го заврши успешно спартатлонот оставајќи зад себе голем број од нај добрите ултрамаратонци од целиот свет.

Шиповиќ, која е и државна рекордерка, денеска ја истрча трката за 34 часа, 29 минути и 53 секунди, и е на 109. место од околу 400 учесници од 55 земји, односно на 22. место во женска конкуренција.

Почнувајки од 07.00 час. во сабота, пристигна во Спарта во 17.32 час.

Спартатлон, една од 10-те најтешки ултрамаратонски трки во светот каде трчаат најуспешните ултрамаратонци и има временски рок за завршување од 36 часа, учесниците ги носи од Атина до Спарта трасирајќи ја оригиналната патека на Феидипидес, кој во 490 година п.н.е. пред битката кај Маратон бил испратен во Спарта да побара помош во војната меѓу Грците и Персијците.

Се вчитува...