Ќатип Османи ги „прецрта“ Абдурахими и Асани?

Есенскиот првак Шкендија се пресели од Тетово во Охрид, а тренерот Ќатип Османи во експедицијата од 24 фудбалери не најде место за Бесарт Абдурахими и за Џелил Асани. Тие останаа во Тетово и ќе работат според индивидуална програма, затоа што не се планирани за овој дел од подготовките. Тоа е јасна порака и за двајцата дека Османи нема да смета на нив во пролетниот дел од сезоната, па најдобро би било да си побараат нова фудбалска средина.

Во сениорскиот тим е приклучен и младинецот Енсар Лума, кој имаше забележителни настапи во тимот до 19 години, кој имаше настап и во квалификациите за ЛШ.

Шкендија наредните седум дена ќе ги мине на охридското крајбрежје, а планирани се и два пријателски натпревари, на 12.јануари и на 16.јануари. По ова, на 20.јануари тимот ќе замине на подготовки во Анталија, Турција.

 

Се вчитува...