Шампионот Струга ТЛ доживеа пораз од Работнички (2-0) на гостувањето во Скопје, по што сега падна на третата позиција на табелата.
Тренерот Ќатип Османи вели дека го загрижува фактот што неговиот тим создава малку шанси на натпреварите, и тоа ќе мора да се корегира во иднина.
„Стартот ни беше лош. Му дозволивме многу простор на противникот кој имаше иницијатива, а тоа резултира со два гола во нашата мрежа. Вториот дел беше подобар за нас, но не бевме доволно опасни во финишот на акциите“ – вели Османи и дополнува:
„Ни недостасуваше агресивност. Ме загрижува тоа што креираме малку шанси. Не сме доволно опасни пред противничкиот гол. Мора да го корегираме тоа. Во одредени моменти немавме ниту добри одлуки и не менаџиравме добро со мечот“.
Во следната рунда натпревари Струга ТЛ ќе биде домаќин на АП Брера Струмица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА