Ренова прва од македонските прволигаши вчера ги стартуваше подготовките за пролетниот дел од сезоната.
„Гипсарите“ промовирајќи неколку нови имиња ги почнаа подготовките за продолжението од шампионатот низ кој ќе се бара опстанок во Првата македонска фудбалска лига. За тоа е свесен и шефот на стручниот штаб Ќатип Османи кој потенцира дека приоритет ќе биде опстанокот.
„Јасно е дека не чека неизвесен пролетен дел од сезоната. За нас прва цел ќе биде уште низ првите натпревари од пролетниот дел со доволно бодови да ја напуштиме опасната зона. Гледаме дека разликата во бодови меѓу четвртата позиција и оние кои се на дното од табелата воопшто не е голема, токму поради тоа секој натпревар ќе биде тежок и мора максимално да се подготовиме за тоа што не очекува во продолжението од првенството“ – вели Османи.
Ново има во таборот на Ренова е младиот Арлинд Алити кој доаѓа на позајмица од Шкендија. а од младинскиот тим се приклучија и Амар Емурли и Ерен Мемеди. Се очекува приклучување и на колумбискиот напаѓач Џон Еду Мења Перез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

