Каунас е подготвен за Ф4: Кој ќе биде новиот европски кошаркарски шампион!?

Од денеска па до недела во „Жалгирио арена“ во Каунас завршницата од една од највозбудливите сезони во кошаркарската Евролига.

Од 18 екипи кои ја почнаа сезоната, останаа само четири на Фајнлфор турнирот во Каунас кои ќе се борат за трофејот во Евролигата, Олимпијакос, Монако, Реал Мадрид и Барселона.

Три од годинашните четири екипи на Ф4 учествуваа и на минатогодишниот Фајнлфор кој се одржа во Белград. Тогаш титулата ја однесе Анадолу Ефес, кој во финалето славеше против Реал Мадрид со 58-57, а турскиот тим до финалето стигна по тројката на минатогодишниот МВП, Василије Мичиќ против Олимпијакос.

Во првиот денешен полуфинален дуел кој на програмата е од 17 часот ќе се сретнат токму Олимпијакос, сега против Монако, додека второто полуфинале е „Ел Класико“ од 20 часот во пресметката меѓу Реал Мадрид и Барселона.

Според прогнозите, Барселона ги носи најголемите шанси за освојување на годинашниот трофеј, па тоа се очекува да го потврди уште вечерва во пресметката со „кралевите“.

Се вчитува...