Извонредна сезона зад себе има кавадаречки Тиквеш кој е најпријатното освежување на прволигашката сцена во 2024 година. Токму затоа, како начин за уште една потврда на својот квалитет пред сите фудбалски вљубеници од Македонија, Тиквеш посакува заокружување на сезоната 2023/24 на најдобар можен начин – со прв историски трофеј во своите витрини.
Еден од најзаслужните за годинашниве резултати на тимот, шефот на стручниот штаб Ѓорѓи Мојсов утре од 19 часот во финалето на Купот на Македонија ќе ги поведе своите избраници во пресметката против Воска Спорт, со желба за вистинско славје на крајот.
Мојсов ги поведе фудбалерите на Тиквеш и попладнево на националната арена „Тодор Проески“ реализирајќи го официјалниот тренинг пред утрешното финале. Низ максимално позитивна атмосфера кавадарчани уште еднаш најавија дека утре со сите сили ќе атакуваат на победа, затоа што, без лажна скромност, единствено на што размислуваат е трофејот!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА