Кавадарчани полни оптимизам пристигнаа на Исланд – Силна верба во пласман во следната рунда (ФОТО)

Комплетната експедиција на Тиквеш пристигна на Исланд каде утре ги очекува реванш мечот од првото квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА против Брeидаблик.

По победата од 3-2 на првиот меч во Скопје, кавадарчани максимално оптимистички допатуваа и во Исланд верувајќи дека може да се пласираат во следната рунда натпревари на европската сцена.

Избраниците на Ѓорѓи Мојсов попладнево треба да го одработат и официјалниот тренинг пред утрешниот натпревар кој се игра од 21:15 часот.

Се вчитува...