Од негатива од 0-2 на полувреме, до чудесен пресврт за девет минути и конечна победа од 3-2… Тиквеш не можеше да посака подобро европско деби од она што кавадарчани вечерва го прикажаа на Националната арена во Скопје, стигнувајќи до триумф на својот прв европски натпревар во клупската историја.
И во првото полувреме по кое имаа негатива од два гола кавадарчани играа храбро, креираа шанси, но не успеаја да ги претворат во погодоци. Данокот на неикуство беше платен со два примени гола, но се се промени во вторите 45 минути во кои Тиквеш заигра уште похрабро, покажа и карактер и квалитет, носејќи им радост на сите оние кои дојдоа да го бодрат на трибините на арената.
Македонските екипи одамна немаат одиграно ваков меч во европските купови, а извонредниот пресврт дава простор за оптимизам дека Тиквеш може добро да се претстави и на реваншот во Исланд, па и да го мине првото коло од квалификациите за Конференциската лига на УЕФА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА