Кавај Ленард конечно се враќа на кошаркарските терени

Лос Анџелес клиперс од почетокот на сезоната е без својот најдобар играч, 33-годишниот Кавај Ленард поради повреда на десното колено.

Ленард за првпат успеа да одработи целосен тренинг, а ќе патува со тимот во Мемфис соопшти тренерот Тајрон Лу.

„Ленард ќе патува со нас во Мемфис, но тогаш сигурно нема да го користиме. Потоа се враќаме дома за да играме против Голден Стејт на 27. декември. Можеби тогаш би можел да игра“, изјави тренерот Лу.

Без својот најдобар играч, ЛА Клиперс играат солидно на почетокот на новата сезона и моментално се на деветтото место во Западната конференција со позитива од 15-12.

Ленард во текот на својата кариера два пати беше шампион во НБА лигата, во 2014 година со Сан Антонио и во 2019 година со Торонто. Во двата случаи тој беше најкорисен играч во финалето.

Се вчитува...