Кавај Ленард вечерва би требало да дебитира за Лос Анџелес Клиперс оваа сезона, откако се опорави од повредата. Ленард е надвор од терените поради повреда на коленото од април 2024 година.
Сепак, тој конечно би можел да се врати на паркетот на натпреварот со Атланта кој е закажан за вечерва од 04.30 часот.
Според „ESPN“, Ленард планира да дебитира оваа сезона против Хокс, а Лос Анџелес Клиперс го промениле неговиот статус од „надвор од составот“ во „под прашалник“ во официјалниот извештај.
Ленард нема играно од 26 април 2024 година, последниот натпревар што го одигра беше во првото коло од плејоф серијата против Далас Маверикс. Тој пропушти 12 од 14 финални натпревари за Клиперс минатата сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА