Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс запишаа нова победа сезонава во НБА лигата откако синоќа славеа на гостувањето кај Сакраменто кингс со 114-111.
Најдобар поединец во таборот на победникот беше Кавај Ленард кој мечот го заврши со 31 поен. Кај поразените Малик Монк постигна 18 поени.
Во дербито на Источната конференција Детроит пистонс го прегази Њујорк никс со убедливо 118-80.
Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Бостон – Мајами 98-96, Милвоки – Индијана 105-99, Минесота – Њу Орлеанс 115-119 и Портланд – Мемфис 135-115.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

