Уругвај на Мундијалот во Катар потфрли, и не успеа да ја мине ниту групата. После „ремито“ со Јужна Кореја, и поразот од Португалија, победата над Гана беше „пирова“, затоа што за пласман во следната фаза им недостасуваше еден гол кој не успеаја да го постигнат и покрај многуте шанси.
Во последните моменти Уругвајците бараа пенал, но ВАР не се огласи, па германскиот судија Даниел Зиберт не ја прегледуваше снимката.
Ова предизвика лутина кај ѕвездите на Уругвај, а по завршувањето на мечот Кавани бесен го бутна ВАР мониторот по што е најавено дека ќе има казна за него поради ова однесување.
„Ако ме казнат поради удирањето на ВАР системот, тогаш судијата кој не исфрли од Мундијалот треба да оди во затвор. Вистина е дека треба добро да се однесуваме, но и ние сме луѓе и на теренот се трудиме многу, па знаат да се случат вакви работи. НЕ го оправдувам својот чин, но треба ад ми простат“, рече Кавани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА