Кавани доаѓа во Реал Мадрид

Уругвајскиот интернационалец Единсон Кавани ќе биде наследникот на Кристијано Роналдо во навалната линија на Реал Мадрид. Тој треба да пристигне на „Сантијаго Бернабеу“ ова лето и да го засили „кралскиот клуб“, за сума од 60 милиони евра, тврди шпанскиот весник „Марка“, кој е многу добро информиран за случувањата во актуелниот европски првак.

Кавани постигна 40 гола во сите конкуренции во дресот на ПСЖ минатата сезона, а има договор со „светците“ до 2020 година. 31-годишниот напаѓач сепак најави можност да си замине од „Паркот на принцовите“ уште пред почетокот на Светското првенство во Русија.

Реал Мадрид притиска и за ангажман на Белгиецот Еден Азар, кој треба заедно со сонародникот Тибо Куртоа да пристигне на „Сантијаго Бернабеу“. Тие двајцата се соиграчи во англискиот премиерлигаш Челси.

Се вчитува...