Единсон Кавани е многу блиску до преселба во нов клуб откако Валенсија влезе во завршна фаза од преговорите со искусниот 35-годишен голгетер. Уругваецот е без ангажман откако летово му истече договорот со Манчестер јунајтед, тој во меѓувреме разговараше со неколку клубови, но се уште нема избрано каде ќе ја продолжи кариерата.
Понудата на Валенсија е над два милиони евра по сезона за наредните две години, а според тренерот Гатузо, разговорите се пред финална реализација.
„Јасно е дека ни треба голгетер и верувам дека Кавани наскоро ќе ни се приклучи. Зборував со претседателот, кој директно преговара со Еди и тој е голем оптимист дека наскоро се ќе биде готово. Фактот дека има 35 години не е никаков проблем, говориме за играч кој има неверојатен победнички менталитет, нешто со што ќе ни биде од голема помош во екипата“, изјави Џенаро Гатузо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

