Уругвајскиот интернационалец Единсон Кавани ќе си замине од редовите на Пари Сен Жермен на крајот од сезоната. Тој веќе им соопштил на раководните луѓе на францускиот клуб дека му е потребен нов предизвик во кариерата, а „Паризиен“ открива дека неговиот најголем проблем е Бразилецот Нејмар. Откако тој дојде во ПСЖ, Кавани го загуби авторитетот за прв „пеналџија“, и сега Нејмар е најголемата клупска ѕвезда.
Пари Сен Жермен сепак нема така лесно да се откаже од услугите на Кавани. Со оглед дека Уругваецот е под договор, клубот одредил отштета од 60 милиони евра за сите заинтересирани кои ќе сакаат да го купат во летниот преоден рок. Тој пред пет години дојде од редовите на Наполи и стана најдобар стрелец во историјата на клубот, а ниту една сезона не остана под 25 гола. Минатата сезона постигна дури 49 гола во сите конкуренции, а оваа би можел исто така да биде многу ефикасен, со оглед дека веќе запиша 33 гола на контото.
Пари Сен Жермен како негов наследник во нападот го гледа Мауро Икарди, напаѓачот на Интер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА