Кавани го сруши Чиле за прво место на Уругвајците во групата

Уругвај славеше против Чиле со 1-0 на тој начин освојувајќи го првото место во Групата Ц на Копа Америка. Чиле како второпласиран продолжува во четвртфиналето.

Натпреварот го одлучи Кавани со погодокот во 82. минута на асистенција на Родригез…

 

Во вториот натпревар од групата Еквадор и Јапонија одиграа без победник (1-1) но беше јасно дека и двата тима немаат шанси за четвртфинале, затоа што како најдобри две третопласирани селекции во четвртфиналето продолжуваат Перу и Парагвај.

Се вчитува...