Кавани и Нејмар се скараа за пенал, а Емери вели – ќе ги казнам двајцата!

Пари Сен Жермен со 2-0 го победи Лион на „Паркот на принцовите“ и продолжува со максимален ефект во француското првенство, но приказната на денот е сепак караницата меѓу Единсон Кавани и Нејмар. Тие се скараа кој да биде изведувач на најстрогата казна. Бразилецот побара од Кавани да го шутира пеналот, но тој не му дозволи, затоа што е одреден за изведување на ударите од белата точка. На крајот, Кавани не успеа да реализира.

Тренерот Унаи Емери вели дека ова не смее да се повтори, или во спротивно и двајцата ќе бидат казнети.

„Не се однесуваа спортски, и двајцата ќе бидат казнети. Договор мора да постои. Нека шутираат на тренинг и нека се договорат, или во спротивно јас ќе пресечам“, изјави Унаи Емери.

Во текот на мечот Кавани повторно се најде во расправија, но овој пат со Дани Алвеш. Уругваецот сакаше да изведе слободен удар од кој можеше да ја затресе мрежата, но Алвеш топката ја даде на својот пријајател Нејмар, кој овој пат истера по своето и го изведе слободниот удар.

https://twitter.com/GoalUK/status/909530701820780544

Се вчитува...