Единсон Кавани продолжи да испишува историја на ПСЖ, откако денешниот прв гол против Ница на Уругваецот беше вкупно 2.500 погодок што „светците“ од Париз го имаат постигнато во елитното француско фудбалско натпреварување.
Првиот гол за историја го постигна Брас, голот број 500 беше дело на Нгом, додека илјадитиот погодок го постигна поранешниот југословенски репрезентативец Златко Вујовиќ. Голот број 1.500 на ПСЖ во француското првенство го постигна уште едно познато име, Николас Анелка, јубилејот од 2.000 го заокружи екс-капитенот Менез, за најновиот јубилеј да мине во знакот на Кавани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА