Кавани ја избрал Бенфика

Уругвајскиот интернационалец Единсон Кавани во следните три сезони ќе го носи дресот на португалскиот клуб Бенфика. По најавите дека за него се заинтересирани Атлетико Мадрид, Интер, Јувентус, Њукасл, Лидс Јунајтед, на крајот Кавани одлучи да ја продолжи кариерата во Португалија. Бенфика за потписот веднаш ќе му исплати 8 милиони евра, а напаѓачот ќе заработува и 2,5 милиони евра по сезона.

Бенфика се надева дека со Единсон Кавани во нападот ќе успее да го врати приматот во португалскиот фудбал. Кавани седум години го носеше дресот на Пари Сен Жермен и на 200 натпревари постигна 138 гола.

Се вчитува...