Единсон Кавани и Нејмар имаа голем дуел за изведување пенал во Пари Сен Жермен уште минатата сезона, и оттогаш ги следи приказната дека не се „мирисаат“ премногу. Оваа приказна доби свое продолжение на пријателскиот меч меѓу Бразил и Уругвај, на кој двајцата клупски соиграчи имаа жесток дуел. Сепак, Кавани вели дека тој и Нејмар се блиски, како браќа.
„Секакви моменти има на фудбалскиот терен, таква е играта. Но, надвор од теренот ние сме пријатели, со Нејмар сме како браќа. За време на натпреварот секој сака да победи, сака да го заштити својот тим и да оствари успех. Кога сум ривал со Нејмар, тогаш тој е за мене само противнички фудбалер. Но, тоа трае само до завршување на мечот“, изјави Единсон Кавани.
Двајцата фудбалери играат одлично во дресот на Пари Сен Жермен оваа сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА