Кавани: Ќе ја завршам кариерата во Бока

Легендарниот уругвајски голгетер Единсон Кавани во интервју за „Дарио Оле“ откри дека Бока Јуниорс, клубот за кој настапува во моментот ќе биде последен во неговата богата кариера.

Како што вели Уругваецот, сака да ја испочитува одлуката дека кариерата ќе ја заврши во славниот аргентински клуб.

„Веќе кажав дека ќе ја завршам кариерата во Бока и мислам дека ќе ја почитувам тоа одлука“, изјави Кавани.

Кавани во богатата кариера настапуваше уште и за Данубио, Палермо, Наполи, ПСЖ, Манчестер Јунајтед и Валенсија, освојувајќи бројни трофеи, најголем дел од нив со францускиот тим.

Се вчитува...