Уругвајскиот интернационалец Единсон Кавани се согласил да потпише нов договор со францускиот првак Пари Сен Жермен. Тој е главниот адут на тренерот Унаи Емери оваа сезона, и раководството на клубот сака да го задржи на „Паркот на принцовите“ и во иднина. Влијателниот француски медиум „Л’Екип“ тврди дека Кавани ќе потпише нов договор, со кој ќе се обврзе да остане во Париз до 2020 година.
Уругваецот дојде во ПСЖ во 2013 година од редовите на Наполи за сума од 64 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА