Кавани откри во кој клуб би бил среќен

Уругвајскиот интернационалец Единсон Кавани замина од редовите на Пари Сен Жермен, откако му истече договорот со францускиот шампион. Искусниот голгетер во моментов нема клуб, а неколку европски гиганти се борат за неговиот потпис. Како прв фаворит се наметна португалска Бенфика која сака да го врати приматот во домашниот шампионат кој го презема големиот ривал Порто.

„Бенфика е одличен тим. Имаат многу одлични фудбалери. Кога би отишол таму, јас би бил многу среќен. Во моментов одморам и се подготвувам за враќање во Европа, каде ќе видам што ќе се случи во новата фаза од мојот живот. Кога ќе биде потврден трансфер веднаш медиумите ќе бидат известени“, изјави Кавани. 

Минатата сезона во редовите на ПСЖ, Кавани доби мала минутажа. Одигра 22 натпревари на кои постигна само седум гола и додека ПСЖ се бори за финале во Лигата на шампионите тој одмора во родниот Уругвај.

Се вчитува...