Кавани треба да биде првото ѕвездено име во клубот на Бекам

Клубот на Дејвид Бекам кој ќе се натпреварува во МЛС лигата, Интер Мајами полека го гради тимот, а според најавите поранешниот англиски репрезентативец пикирал кој играч би требало да биде лидер.

Според американските медиуми, Бекам преговарал со Единсон Кавани. Уругваецот би требало да се приклучи на Интер Мајами на крајот од актуелнава сезона, во јуни 2020 година кога ќе му истече договорот со Пари Сен Жермен.

Кавани од 2013 година е дел од ПСЖ и во тој момент го имаше шестиот најскап трансфер во историјата, а најскап воопшто во Франција.

Се вчитува...