Единсон Кавани нема во блиска иднина да ги менува клупските бои откако уругвајскиот голгетер ги договори условите за продолжување на соработката со Пари сен Жермен. Откако неколку сезони во целосна сенка на Златан Ибрахимовиќ, Уругваецот сезонава блесна и се наметна како лидер на „светците“, постигнувајќи 30 гола во досегашниот тек од францускиот шампионат.
Тоа беше доволна препорака за Манчестер јунајтед и Манчестер сити да искажат интерес за да го доведат во своите редови, а челниците на ПСЖ да реагираат и експресно да договорат продолжување на соработката. Францускиот весник „Л’Екип“ обелодени дека новиот договор ќе биде со важност до 2020 година, а истиот ќе биде официјално потпишан во текот на утрешниот ден.
„Светците“ не планираат тука да застанат, туку сакаат дополнително да го засилат нападот на екипата за новата натпреварувачка сезона. Во тек се преговорите со Алексис Санчез, за чии услугите на Арсенал му се понудени 40 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА