Словенецот од редовите на Монпелје, Вид Кавтичник не е баш најзадоволен по денешната ждрепка за полуфиналето од Ф4 турнирот во Лигата на шампионите. Францускиот тим, како едно од најголемите изненадувања оваа сезона во ЛШ, за противник го доби бранителот на трофејот Вардар…
„Кога го добивате бранителот на трофејот тогаш сигурно знаете дека сте го добиле најтешкото. Но овие Ф4 турнири и во минатото покажале дека сите екипи влегуваат со максимално еднакви шанси за трофејот. Вардар е извонреден тим и тоа го покажа со игрите во двата четвртфинални меча против Кил. Според мене македонскиот состав е повторно главен кандидат за титулата, а ние ќе се обидеме во полуфиналето сепак да го запреме“ – истакна Кавтичник веднаш по ждрепката.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА