Казагранде: Нејмар е само размазено детиште!

Поранешниот напаѓач на бразилската фудбалска репрезентација, Валтер Казагранде (54) упати силни критики кон најскапиот фудбалер во светот, Нејмар. Тој вели дека популарниот Неј влегол во сферата на недопирливоста, а тоа негативно се одразува на неговите игри. Повод за критиките е слабата игра што Нејмар ја прикажа против Реал Мадрид во ЛШ.

„Доби жолт картон на натпреварот против Реал Мадрид уште на самиот почеток, а лесно можеше да заработи и втор. Само замислете дека тоа може да го направи и на Светското првенство во дресот на Бразил. Тоа би била катастрофа. Се зборува дека ПСЖ може да го продаде затоа што не се согласува со Кавани. Ние создадовме чудовиште од него, а проблемот е што многумина го сметаат за гениј. Тој нема квалитети како Меси, Марадона или Роналдо, кои можат со еден потег да одлучат натпревар. Тој е само едно големо размазено детиште“, изјави Казагранде.

Се вчитува...