Казахстан до голем бод против Белгија – Иако мали, Македонија се уште со шанси за прво место во групата (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Казахстан успеа да стигне до шокатно реми 1-1 на домашен терен против Белгија во натпревар од 7. коло од квалификациите за пласман на Светското првенство 2026 година во САД, Канада и Мексико.

Казахстанците стигнаа до шокатно водство од 1-0, уште во 9. минута од натпреварот со погодокот на Сатпаев, резултат со кој се замина на пауза. Гостите успеаја да израмнат преку Ванакен во 48. минута.

Домаќините во 79. минута останаа со фудбалер помалку откако директен црвен картон доби Чесноков.

Со ова реми на Белгијците, Македонија останува до крај со евентуални шанси и за освојување на првото место во квалификациската група Ј, иако е сосема јасно дека во последното коло Белгија, нема да дозволи изненадување на домашен терен против Лихтенштајн.

Kazakhstan 1 – [1] Belgium – Hans Vanaken 48'
byu/BackgroundMorning630 insoccer

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...