Казахстан ќе ја пречека Македонија на вештачки терен на „Астана Арена“

Македонската репрезентација на 9. јуни годинава, го игра квалификацискиот натпревар против Казахстан во рамките од 4. коло за пласман на Светското првенство идната година. Сега е познато на кој терен ќе се игра натпреварот.

Казахстан ќе ја пречека македонската селекција на „Астана Арена“ во Астана во главниот град на оваа земја. Казахстан натпреварите од Лигата на Нации ги играше како домаќин во Алмати.

Астана Арена е покриен со вештачка трева според стандардите на УЕФА. Во минатиот циклус на Лигата на Нации, Македонија единствено играше на вештачка трева во Торшавн, и го направи единствениот „кикс“ во групата кога одигра без победник 1-1.

Интересно е што Асанта Арена има подвижен покрив, и може да се затвори по потреба, но не се очекува на дуелот со Македонија да биде затворен затоа што мечот е во јуни. Стадионот има капацитет од 30.244 места, и беше отворен во 2009 година. За него биле издвоени околу 185 милиони долари. Исто така стадионот беше во конкуренција за домаќин на мечеви од ЕВРО 2021, но како и Скопје отпадна од комбинација.

Од Скопје до Астана има нешто повеќе од осум часа лет, а можно е и повеќе со оглед дека ќе треба малку да се обиколат воените подрачја на Украина и на Русија.

Се вчитува...