Квалификациите за Светското првенство за македонската фудбалска репрезентација носат натпревар и против Казахстан кој ќе добие нов селектор откако Русинот Станислав Черчесов си поднесе оставка по серијата на лоши резултати.
Во последните шест натпревари Казахстан освои само еден бод, ремизирајќи со Норвешка, натпревар по кој следеа серија на порази, по два од Словенија и Австрија и еден од Норвешка, натпревар кој Норвежаните го добија со 5-0.
Натпреварот помеѓу Казахстан и Македонија е закажан за вториот квалификациски прозорец оваа година, на 9. јуни на во Казахстан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

