Казахстан со стариот селектор ќе ја пречека Македонија

Селекторот на репрезентацијата на Казахстан, Станислав Черчесов ќе остане на својата функција, соопшти прес-службата на фудбалската федерација на Казахстан. Претходно некои медиуми објавија дека Черчесов ќе добие отказ, по неуспехот во Лигата на Нации, меѓутоа сето тоа беше демантирано. 

Казахстан во сегментот Б во Лигата на Нации заврши на последното место, по што се сели во сегментот Ц во идното издание.

„Информациите објавени во некои медиуми за оставката на селекторот на фудбалската репрезентација на Казахстан Станислав Черчесов не соодветствуваат со вистината. Во моментов Станислав Черчесов продолжува да работи како селектор на националниот тим и има договор со Казахстанската фудбалска федерација“, се вели во соопштението на КФФ. 

Казахстан во идниот квалификациски циклус за Мундијалот 2026 година, е заедно во група со Македонија. Својот меѓусебен натпревар најпрво ќе го одиграат во Казахастан на 9. јуни, а потоа на 13. октомври се игра мечот во Скопје.

Русинот е селектор на Казахстан од јуни 2024 година.

Се вчитува...