Блокотехна со одлична игра во нападот успеа да стигне до израмнување во полуфиналето против МЗТ Скопје.
„Не променивме ништо посебно, само оние шутеви што претходно ги промашувавме, сега ги погодувавме. Верувавме во себе, знаевме дека ќе се најдеме во ситуации за отворен шут и овојпат за разлика од првиот меч бевме многу попрецизни“ – изјави Антон Казарновски.
Центарот на Блокотехна е свесен дека вистинската битка за место во финалето допрва претстои.
„Знаевме колку е значајно да се победи, да се остане во живот, и одговоривме на тој предизвик. Ќе биде тешко и на третиот меч, но подготвени сме да играме, да се бориме за секоја топка и ќе видиме што ќе се случи. Едно е јасно, нема да се предадеме во желбата за финале“ – порача Казарновски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА