Жоан Пењароја и дефинитивно ќе биде наследникот на Жељко Обрадовиќ на клупата на Партизан откако каталонскиот гигант попладнево ја прифати понудата од актуелниот првак на АБА-лигата.
Информациите дека Пењароја оваа седмица пристигнал во Белград беа демантирани и од тренерот и од клубот, но затоа неговиот агент во текот на вчерашниот ден слета во Србија, по што стартуваа интензивните преговори меѓу двете страни.
Пењароја прифатил да потпише договор на една и пол сезона (до јуни 2027 година), период во кој ќе има загарантирани 1,3 милиони евра, но и богати бонуси во зависност од резултатите во овој период. Оцокољиќ за последен пат ќе го води тимот против Крка во АБА-лигата, по што промоцијата на Пењароја најверојатно ќе биде закажана за вторник.
Новиот тренер ќе дебитира на клупата на Партизан веќе на крајот од новата седмица, на домашниот евролигашки дуел против Макаби.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

