Казна за шампионот: Ферстапен ќе стартува на „опашката“ во Белгија

Шампионот Марк Ферстапен ја предводи листата на Ф1 возачи кои ќе ја стартува неделната трка за ГН на Белгија од „опашката на колоната“ поради направените промени во елементите од болидите.

Промената на „турбо чарџерите“ и  уште неколку делови од моторот на болидите значи и автоматска казна за преселба на крајот од колоната, но добра вест за Фертсапен е што на сличен потег се решија уште неколку тимови и возачи.

Така, покрај светкиот првак тука се уште и Шарл Леклер од Ферари, потоа Ландо Норис од Мекларен, Естебан Окон од Алпин, Мик Шумахер од Хас и Валтери Ботас од Алфа Ромео.

Се вчитува...