Англискиот премиерлигаш Вест Хем, доби парична казна од 30.000 фунти поради прекршување на анти-допинг правилата.
Од Вест Хем го прифатија обвинението дека не успеале да обезбедат точни информации за престојот и движењето на своите фудбалери во три случаи во последната година, што е спротивно на анти-допинг правилата.
Фудбалерите се поединечно одговорни за информациите за своето движење, но клубовите се обврзани да ја информираат Фудбалската асоцијација за нивниот распоред на тренинзи, измени во термините или локацијата, како и за проеманата на нивните адреси, поради посетите на инсекторите за анти-допинг.
Од Вест Хем соопштија дека клупската администрација направила грешка, дека ниеден фудбалер не учествувал во тоа и го прифатија обвинението и казната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА