Комисијата за жалби при ФФМ на денешниот свој состанок прифати дел од жалбата на тетовци по казната за натпревари без публика по инцидентот на натпреварот со Вардар. Шкендија сега место на шест, како што беше првичната одлука, сега ќе игра на четири натпревар без публика на домашен терен. Паричните казни остануваат исти.
Шкендија доби казна по инцидентот на реванш дуелот од полуфиналето во Купот на Македонија со Вардар кој се играше на 19. април во Тетово. Паричната казна е 1.200 евра, а сега е намалена казната за настап без публика.
До крајот на шампионатот, со оглед дека веќе мина еден натпревар од казната, Шкендија без публика ќе мора да игра против Брегалница, Работнички и Пелистер.
Сето ова значи дека следната сезона, 2017/2018, Шкендија од првиот натпревар на домешен терен ќе може да игра со поддршка од своите навивачи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА