Комесарот за натпреварување, Александар Милојевиќ, експресно ги одреди казните за големиот инцидент што се случи во четвртата четвртина од дуелот меѓу Гостивар и Пелистер.
Гостиварци ќе мора да играат два домашни меча пред празни трибини, кај Пелистер суспензија од два натпревари заработи репрезентативецот Бобан Стајиќ, додека казна од еден меч доби тренерот Марјан Илиевски, за реакцијата откако беше удрен со пластично шише во главата.
Воедно, двата клуба ќе платат значителна сума за казни по разни основи, но добра вест за двајцата тренери е што нема да има суспензии за оние кошаркари кои беа на клупата за време на мечот и поради станување за време на инцидентите беа исклучени во финишот од вчерашниот хаос во Гостивар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА