Дисциплинците имаа полни раце работа по големиот инцидент во самиот финиш од полуфиналето во Купот на Италија меѓу Јувентус и Интер, откако Ромелу Лукаку ги испровоцира гостинскиот навивачи по израмнувачкиот гол, како одговор за расисистичките навреди што во текот на мечот пристигнуваа кон белгискиот голгетер.
Ситуацијата зовре и по завршниот свиреж на судијата, откако во конфликт влегоа Квадрадо од Јувентус и Ханданович од Интер, а за виновник за овој инцидент е посочен токму Колумбиецот од таборот на „старата дама“. Поради ова, Квадрадо беше казнет со три меча неиграње, а бидејќи во Италија куп-суспензиите се пренесуваат и на Серија А, Колумбиецот ќе ги пропушти наредните три средби на својот тим, против Лацио, Сасуоло и против Наполи.
Тој ќе треба да плати и парична казна од 10.000 евра, исто колку и Ханданович, кој е казнет со еден меч суспензија. Идентична суспензија заработи и Ромелу Лукаку, кој доби црвен картон веднаш по постигнувањето на израмнувачкиот погодок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА